МАРК ВОЛБЕРГ СЕ ЗДЕБЕЛИ 14 КИЛА ЗА НОВАТА УЛОГА НА БОКСЕР КОЈ СТАНАЛ СВЕШТЕНИК

Лос Анџелес, (Индипендент)

Марк Волберг објави фотографија за да ја покаже големата трансформација потребна за новата улога. Четириесет и деветгодишниот актер ќе глуми боксер кој станал свештеник во драмата „Father Stu“, поради што морал да се поправи речиси 14 кила за шест недели.

„Откако ќе ги снимиме сцените со боксување, ќе мора да ја зголемам тежината колку што можам повеќе“, рече Волберг во интервју за Џими Кимел.

„Продуцентите сакаа да се здебелам на што е можно поздрав начин, но јас им реков дека цел живот сум на режими, нека ме остават да јадам што ќе стигнам. Сакам да одам во пекара, да јадам палачинки, сѐ што ќе ми дојде при рака“, рече тој во емисијата.

Ова не е првпат тој да се здебели за улога. Во 2013, Волберг наби речиси 20 килограми мускулна маса за улогата на бодибилдер наспроти Двејн Џонсон во „Болка и игра“, а во 2016 се поправи 27 кила за филмот „Deepwater Horizon“.