„МАРВЕЛ“ ПОТВРДИ КОИ СУПЕРХЕРОИ ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ВО „ОДМАЗДНИЦИ 4“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Точно еден месец до премиерата на еден од најисчекуваните филмови на годината, „Марвел“ ја објави листата суперхерои кои ја преживеале чистката на Танос во „Војна на бесконечноста“ и ќе се појават во „Одмаздници: завршна игра“.

„Марвел“ објави серија постери со добро познати ликови, оддавајќи им почит на паднатите во третиот дел и фановите беа изненадени кога меѓу нив се најде и Шури, принцезата на Ваканда од „Блек Пантер“, чија судбина не беше позната. Сепак, социјалните мрежи се надеваат дека ова не е точно, бидејќи режисерите, браќата Русо, претходно кажаа дека и во трејлерот за „Завршна игра“ имаат употребено лажни кадри.

Меѓу 16-те Одмаздници кои влегуваат во завршната борба се Ент-Мен, Блек Видоу, Халк, Капетанка Марвел, Капетан Америка, Хокај, Тор, Небула, Ајрон Мен…

„Одмаздници: завршна игра“ го почнува својот поход на кино благајните на 26 април и со времетраењето од 182 минути, ќе биде најдолгиот филм на „Марвел“ досега.