„Да танцуваме!“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата од 20 часот. Ќе диригира Габриел Бебешелеа, шеф-диригент на Државниот филхармониски оркестар „Трансилванија“ во Клуж-Напока, Романија.

Oркестарот ќе ги изведе „Словенски танци“ оп. 46 од Антонин Дворжак и „Симфониски танци“ оп. 45 од Сергеј Рахмањинов.

„Дворжак најголемата популарност ја стекнал токму со својата прочуена серија од осум ‘Словенски танци’, кои првин ги напишал како сет за пијано дуо, на барање на германскиот музички издавач Фриц Симрок. ‘Симфониски танци’ на еден од најголемите руски композитори Рахмањинов, опишани како длабоко емоционални и сентиментални, се сметаат за едно од најубавите оркестарски дела“, велат од Филхармонија.