„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ВЕЧЕРВА СО МАКЕДОНСКА ТВ-ПРЕМИЕРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Два месеца откако не успеа да се закити со Оскар, „Медена земја“ ќе ја има својата телевизиска премиера во Македонија. Најнаградуваниот македонски филм ќе се прикаже вечерва на „Телма“ од 19:20 часот.

Од премиерата и победата на Санденс пред повеќе од една година, приказната за пчеларката Атиџе Муратова го обиколи светот и освои награди на повеќе од 20 фестивали. Круната беше историската номинација за Оскар за најдобар документарец и за најдобар странски филм, но „Медена земја“ беше победен и во двете категории.