Студиото „Лукасфилм“ најави три нови играни филма од серијалот „Војна на ѕвездите“, а во еден од нив Дејзи Ридли ќе се врати во улогата на Реј. Како нивни режисери беа претставени Џејмс Менголд, Дејв Филони и Шармин Обејд-Чиној.
Филмот на Менголд, кој го режираше новиот „Индијана Џонс“, ќе се врати во раните денови на џедаите, филмот на Филони ќе биде посветен на Новата Република, а третиот филм ќе се фокусира на настаните кои следуваат по „Подемот на Скајвокер“. Во него ќе глуми и Дејзи Ридли, чиј лик Реј гради нов ред на џедаи.
Засега нема информации кога би биле нивните премиери.
(Фото: АП)