„НЕТФЛИКС“ ГИ ОТКУПИ ПРАВАТА ЗА „ПОЛИЦАЕЦОТ ОД БЕВЕРЛИ ХИЛС 4“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

„Полицаецот од Беверли Хилс 4“ конечно ќе се снима откако „Нетфликс“ ги откупи правата.

Еди Марфи по четврти пат ќе се најде во улогата на детективот Аксел Фоли, по претходните три филма од 1984, 1987 и 1994 година.

Филмот првично требаше да го продуцира студиото „Парамаунт“, но се откажа од проектот пред три години и сега ги продаде правата на стриминг гигантот.

Во оригиналниот филм, Фоли оди од Детроит за Лос Анџелес за да го истражи убиството на пријател. Оваа франшиза досега заработи 735,5 милиони долари на светско ниво.

Засега нема информации кога ќе почне снимањето.