„НЕТФЛИКС“ ЌЕ СНИМА МОДЕРНА ВЕРЗИЈА НА „ТРОЈЦАТА МУСКЕТАРИ“

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Стриминг гигантот „Нетфликс“ го ангажираше сценаристот Харисон Квери да направи модерна адаптација на романот на Александер Дима, „Тројцата мускетари“.

Дејството во романот се случува во 17. век во Франција и ги раскажува авантурите на сиромашното 18-годишно момче Д’Артањан, кој доаѓа во Париз за да им се придружи на мускетарите. Тој се спријателува со Атос, Портос и Арамис, мускетари на кралот Луј 13.

Квери по вторпат работи за „Нетфликс“. Во 2017, компанијата склучи милионски договор за да ја откупи неговата воена драма „Воена забава“, што ја продуцираше Ридли Скот, а Том Харди беше во главна улога.

Почнувајќи од 1903 година, „Тројцата мускетари“ имаше десетици играни и анимирани верзии досега, а последната холивудска излезе во 2011.