ШЕСТ ПАРИСКИ ФОНТАНИ РЕСТАВРИРАНИ СО „СВАРОВСКИ“ КРИСТАЛИ

Париз, (Дезин)

Француските дизајнери Ронан и Ерван Бурулек соработуваа со „Сваровски“ на редизајнот на шест бронзени фонтани на Елисејските Полиња во Париз и ги украсија со над 3.000 кристали.

Фонтаните не работеа откако беа оштетени за време на прославата на триумфот на Франција на Светското фудбалско првенство во 1998. Реставрацијата на трите базени траеше три години.

(Фото: Дезин)

Секоја фонтана се состои од централен бронзен јарбол, на кој се закачени три конструкции, кои на врвот се спојуваат. На трите гранки има 258 специјално изработени кристални елементи, аранжирани по целата должина и осветлени со ЛЕД-сијалици. Ова е првпат „сваровски“ кристалите да бидат дел од постојана надворешна инсталација на јавен простор.

(Фото: Дезин)

Браќата Бурулек соработувале со тим инженери од „Сваровски“ во Австрија, за да ги изработат 3.060-те кристали. Кристалните фонтани се прв проект на „Фондови за Париз“, чија цел е јавните простори да се збогатат со современа уметност.