НОСЕТЕ МАСКА, ЈАС НОСАМ ДВЕ – ТОМ ХОЛАНД ГО НАЈАВИ „СПАЈДЕРМЕН 3“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Том Холанд на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со која го најавува третиот дел на „Спајдермен“. Иако не открива многу детали за филмот, ниту негов наслов, таа испраќа порака во време на пандемијата на ковид-19.

„Носете маска. Јас носам две“, вели Холанд во постот.

Премиерата на „Спајдермен 3“ е закажана за 17 декември 2021, кога, како што пишува „Дедлајн“, заштитните маски можеби веќе нема да бидат задолжителни.

Холанд дебитираше како Спајдермен во 2016 година во „Капетан Америка: Граѓанска војна“ и потоа ја повтори улогата во уште четири филма.