НОВИОТ БОНД Е ПОДОБАР ОД ДОБАР, ВЕЛИЧЕСТВЕН Е, ВЕЛАТ БРИТАНСКИТЕ КРИТИЧАРИ ПО ПРЕМИЕРАТА ВО ЛОНДОН (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Би-Би-Си)

Највисоките пет ѕвезди доби 25. филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, од британските критичари по синоќешната премиера во Лондон.

Лашана Линч, Даниел Крег, Леа Сејду и Кери Фукунага (Фото: АП)

За петтиот и последен филм на Даниел Крег како Бонд, Кевин Мејхер од „Тајмс“ вели дека е подобар од добар, додавајќи дека е величествен.

Кејт и Вилијам со принцот Чарлс и сопругата Камила (Фото: АП)

Питер Бредшо од „Гардијан“ го опиша филмот како „епска бура која носи драма, комедија, скршено срце, хорор и акција како од старите времиња“.

„Секако дека е фестивал на апсурдност и компликации, вртоглав свет со огромни механизми на заговор“, пишува Бредшо, заклучувајќи дека филмот е навистина весел и спектакуларен.

Ана де Армас (Фото: АП)

„Ве очекувавме господине Бонд веќе подолго време. Која радост и олеснување што се вративте“, вели Роби Колин од „Телеграф“.

Сценаристката Фиби Волер-Бриџ (Фото: АП)

Премиерата со филмски ѕвезди и членови на британското кралско семејство се случи 18 месеци по првично најавениот термин и три одложувања поради пандемијата на ковид-19.

Кинодистрибуцијата во Велика Британија почнува утре, а во Скопје ќе игра од 7 октомври.

Рами Малек дојде на премиерата со мајка му (Фото: ПА)
Џуди Денч (Фото: ПА)
Војвотката Кејт со авторите на Бонд темата, Финис О’Конел и Били Ајлиш (Фото: ПА)
Новата тениска ѕвезда Ема Радикану (Фото: АП)
Леа Сејду (Фото: ПА)