Новата романтична комедија на Вуди Ален, „Rifkin’s Festival“, ќе го отвори фестивалот во Сан Себастијан во септември, а тоа ќе биде и негова светска премиера.

Филмот се снимаше лани, а приказната е за американска двојка која доаѓа на меѓународен филмски фестивал и е опиена од магијата на филмот и од шармот и убавината на Шпанија. Во главни улоги се оскаровецот Кристоф Валц и Џина Гершон и тоа е 51. филм во кариерата на 84-годишниот американски режисер.

И покрај неизвесноста околу голем број филмски настани поради пандемијата на коронавирусот, шпанскиот фестивал планира да почне во предвидениот термин, 18 септември и да трае до 25-ти.