Бројката заразени со коронавирус во Македонија се зголеми за 3.000 во изминатите три недели, колку што имаше вкупно во првите три месеци од епидемијата.

  • Ковид-19 однесе уште девет животи: седум пациенти од Скопје и по еден од Тетово и Струга.
  • Од оваа болест досега починаа 286 луѓе, во што Македонија е црн рекордер во регионот, надминувајќи ја дури и Србија (270).
  • Во изминатите 24 часа се потврдени уште 176 случаи на коронавирус и тоа од само 870 тестирања.
  • Позитивни тестови се регистрирани во 18 градови, најмногу во Скопје – 61.
  • Македонија ја надмина бројката од 6.000 заразени од почетокот на кризата и сега е на 6.080, а пред само три недели таа изнесуваше 3.025.
  • Досега оздравеле 2.315 лица, додека бројката активни случаи порасна на 3.479.