Објавен е првиот трејлер за новиот филм на Дејвид Финчер, „Убиец“ (The Killer), во кој Мајкл Фасбендер игра платен убиец. Авторот на „Седум“, „Зодијак“ и „Исчезната“ со овој нео-ноар филм му се враќа на трилер жанрот. „Убиец“ е адаптација на француската графичка новела на Алексис Нолан.
Фасбендер глуми неименуван убиец чиј живот почнува да се распаѓа по една за малку неуспешна работа, поради што се бори со своите работодавци и својата сопствена психа. Друга голема ѕвезда во филмот е Тилда Свинтон.
Финчер наводно бил заинтересиран за овој проект од 2007 и во прв момент како главен актер се најавувал Бред Пит. Филмот ќе има премиера на претстојниот фестивал во Венеција, а по краткото прикажување во кината во октомври, од ноември ќе може да се гледа на Нетфликс.