Објавен е трејлер за осмиот филм „Невозможна мисија“, кој доби нов наслов, кој навестува дека ова би можела да биде последната мисија на Итан Хант.
„Невозможна мисија – Последната пресметка“ (Mission: Impossible – The Final Reckoning), кој треба да излезе налето, првично требаше да биде второто поглавје на „Dead Reckoning“ со наслов „Dead Reckoning: Part Two“. Сепак, откако седмиот филм не помина така добро во кината, заработувајќи 570 милиони долари на светско ниво, двојно повеќе од вложените средства, стратегијата за продолжението се промени. Прво беше поместен датумот на премиерата за една година, а сега филмот доби и нов наслов.
Според „Холивуд рипортер“, буџетот на филмот пораснал на 400 милиони долари, што го прави четвртиот најскап филм на сите времиња. Можноста ова да биде последен филм е спротивно на желбите на Том Круз.
„Харисон Форд е легенда. Имам уште 20 години за да го стигнам. Се надевам дека ќе снимам филмови ‘Невозможна мисија‘ додека не бидам на негова возраст“, кажа Круз лани.
Новиот филм се надоврзува на настаните од „Dead Reckoning“, а од досегашната актерска екипа се враќаат и Сајмон Пег, Винг Рејмс, Хејли Атвел, Анџела Басет и Ванеса Кирби.