ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕРОТ ЗА 4. „БРИЏИТ ЏОНС“ , ВО КИНАТА ДОАЃА НА 12 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Објавен е првиот трејлер за новото продолжение на филмот од серијалот за Бриџит Џонс, насловен „Bridget Jones: Mad About the Boy“, во кое се открива дека починал ликот Марк Дарси, кој го играше Колин Фирт.

Четвриот филм, кој писателката Хелен Филдинг го пишува со Аби Морган и Ден Мазер, е базиран на истоимената книга на Филдинг од 2013.

Во книгата, Дарси умира во несреќа. Нови актери кои се појавуваат во овој филм се Лео Вудвал, најпознат по улогите во ТВ-сериите „Еден ден“ и „Белиот лотус“ и Чиветел Еџифор, од „12 години робија“ и „Доктор Стрејнџ“.
Рене Зелвегер се враќа во насловната улога, а се појавува и Хју Грант.

Четвртиот дел ќе игра во киносалите низ светот до 12 февруари 2025.

Фото: Јуниверзал