Голем дел од адаптацијата на Хомеровата „Одисеја“ во режија на Кристофер Нолан ќе се снима на Сицилија, каде што, според научниците, Одисеј престојувал некое време во 8. пред нашата ера. Режисерот на „Опенхајмер“ ќе снима филм според старогрчката епска поема на Хомер, а премиерата е на 17 јули 2026.
Снимањето на Сицилија се очекува да започне за околу два месеца на островот Фавињана, познат како остров на кози, за кој се верува дека е местото каде што Одисеј пристигнал со неговата екипа за да одгледува кози и да складира храна. Идиличниот остров е дел од архипелагот Егади во близина на северозападниот брег на Сицилија.
Според неколку извори, Нолан најверојатно ќе сними дел од епот со голем буџет на сицилијанските острови Еол, а други најавени локации за снимање се Велика Британија и Мароко.
„Новиот проект на Кристофер Нолан ‘Одисеја‘ е митски акционен еп снимен низ целиот свет со помош на сосема нова филмска технологија ајмакс. Филмот ја носи сагата на Хомер за првпат на филмските екрани ајмакс“, соопшти „Јуниверзал“ на Икс.
Веќе е познато дека филмот ќе изобилува со ѕвезди, бидејќи во него ќе глумат Мет Дејмон, Том Холанд, Ен Хатавеј, Зендаја, Лупита Нјонго, Роберт Патинсон и Шарлиз Терон.
(Фото: Гети)