„ОДМАЗДНИЦИ 4“ ЗА 10 ДЕНА ЗАРАБОТИ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ПРЕД НЕГО САМО „ТИТАНИК“ И „АВАТАР“

Лос Анџелес, (Вараети)

„Одмаздници: завршница“ испиша историја и ја надмина границата од една милијарда долари уште во првиот викенд од прикажувањето, а веќе во вториот ќе стигне и до заработката од две милијарди.

Се очекува тој да донесе приход од 145 милиони долари во домашните киносали овој викенд, со што и официјално ќе го премине прагот од две милијарди, откако во петокот застанал на 1,914 милијарди. Новиот мегахит на „Марвел“ со тоа ги надмина својот претходник „Војна на бесконечноста“, кој запре на 2,048 милијарди, и „Војна на ѕвездите: силата се буди“ (2,068 милијарди), станувајќи третиот најуспешен филм на сите времиња.

„Завршница“ несомнено ита и кон првото место на вечната листа, за што претходно ќе треба да ги помине „Титаник“ (2,187 милијарди) и „Аватар“ (2,788).