Огромна статуа на Борат Сагдиев, ликот кој го играше Саша Барон Коен во хит филмот од 2006, се појави во Сиднеј во друштво на мажи кои личат на Борат. Големата сребрена статуа беше донесена со хеликоптер во пресрет на премиерата на „Борат 2“ на „Амазон“, која е закажана за денеска.

Полното име на филмот е „Borat Subsequent Moviefilm: Delivery of Prodigious Bribe to American Regime for Make Benefit Once Glorious Nation of Kazakhstan“ и Саша Барон Коен тајно го снимил набргу по олеснувањето на коронамерките во САД и светот, користејќи минимална екипа на соработници.

Штом се појави скулптурата, Коен се јави преку видеоповик и рече дека се надева оти преголемата статуа ќе ги инспирира луѓето. Филмот засега добива одлични рецензии од критиката.