„ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ“ СО МАРГО РОБИ ОД 12 ФЕВРУАРИ ИГРА ВО СКОПСКОТО КИНО СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Новата филмска адаптација на „Оркански височини“, книжевниот класик на Емили Бронте, од 12 февуари ќе игра во скопското кино Синеплекс. Филмот е во режија на оскаровката Емералд Фенел, а главните улоги ги играат австралиските актери Марго Роби и Џејкоб Елорди.

Роби ја игра Кетрин Ерншо, а Елорди е Хитклиф. Романот „Оркански височини“ е објавен во 1847 и ги следи семејствата Ерншо и Линтон и нивниот турбулентен однос со Хитклиф, посвоениот син на фамилијата Ерншо.

Првиот филм „Оркански височини“ е снимен во 1992, со Реиф Фајнс и Жилиет Бинош во главните улоги.

(Фото: Ворнер брос)