ОСКАРОВЕЦОТ БЕРИ ЏЕНКИНС ЌЕ ГО РЕЖИРА ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „КРАЛОТ ЛАВ“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Филмското студио „Волт Дизни“ го ангажираше оскаровецот Бери Џенкинс да го режира продолжението на „Кралот лав“. Џеф Нејтансон пак ќе го пишува сценариото и, според „Дедлајн“, веќе ја завршил првичната верзија. Џенкинс освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио во 2017 година за „Месечева светлина“, кој притоа беше прогласен за најдобар филм.

И „Кралот лав 2“ ќе биде снимен во фотореалистична технологија, која режисерот Џон Фавро ја користеше во филмот од 2019, како и во „Книга за џунглата“.

Сѐ уште нема информација кога би почнал да се снима филмот, но холивудските медиуми пишуваат дека секако ќе биде приоритет на филмското студио, со оглед на тоа што „Кралот лав“ заработи над 1,6 милијарди долари низ светот. Од „Дизни“ открија дека филмот ќе ја истражи митологијата на „Кралот лав“, вклучувајќи ја приказната на Муфаса.