ОСТИН БАТЛЕР ЌЕ БИДЕ ПАТРИК БЕЈТМЕН ВО НОВАТА ФИЛМСКА ВЕРЗИЈА НА „АМЕРИКАНСКИ ПСИХО“

Лос Анџелес, (Вараети)

Остин Батлер ќе го игра Патрик Бејтмен во новата филмска верзија на „Американски психо“, чиј режисер ќе биде Лука Гвадањино. Новата адаптација ќе се прави директно врз основа на романот на Брет Истон Елис, со цел да се избегнат сличности со првата филмска верзија од 2000, која го прослави Кристијан Бејл.

Романот „Американски психо“ предизвика контроверзи кога излезе во 1991 и го следи Патрик Бејтмен, самобендисаниот инвестициски банкар од висока класа кој е и сериски убиец на жени. Според романот е направен и мјузикл, со Мет Смит во главната улога.

Батлер беше номиниран за Оскар за најдобра машка улога за „Елвис“, а оваа година се појави во вториот дел на „Дина“.

(Фото: Вајримиџ)