Студиото „Парамаунт“ објави дека работи на римејк на еден од најпопуларните филмови од 90-ите години, „Откачената русокоса“.
Филмот со Алисија Силверстоун како богатата тинејџерка Шер Хоровиц излезе во 1995 година и постигна голем успех на светските кино благајни и стана култен тинејџерски филм.
Дваесет и три години подоцна, „Парамаунт“ соопшти дека ја ангажирале Маркита Робинсон, авторката на серијата „Сјај“, да го напише сценариото за римејкот, додека Трејси Оливер ќе биде продуцент.
Филмот е сѐ уште во развој и повеќе детали засега не се објавени.