Откако беше Џокер во „Одредот на отпишаните“, Џеред Лето, најверојатно, ќе му ја препушти оваа улога на Хоакин Феникс, а тој ќе додаде нов стриповски лик во својата филмска биографија.

Оскаровецот Лето сега се префрла во универзумот на Спајдермен, за да го глуми антихеројот Морбиус.

Доктор Мајкл Морбиус, креиран во 1971 година, се обидува да се излекува од ретко крвно заболување, но тоа има катастрофални последици. Место да се излекува, тој се заразува со состојба налик на вампиризам и станува непријател на Спајдермен. Со тек на време, Морбиус стана еден вид херојска фигура, па доби и епизоди во насловна улога.

Потврдено е дека режисер на филмот ќе биде Даниел Еспиноса, чиј последен проект беше научно-фантастичниот трилер „Живот“.