Холивудската суперѕвезда Анџелина Џоли изгледаше кралски елегантно кога се појави на меморијална служба во катедралата Сент Пол во Лондон, со која се одбележа 200-годишнината од постоењето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ, именуван во чест на двајцата воени светци.

Анџелина Џоли во фустан на „Ралф и Русо“

На истата свеченост требаше да дојде и кралицата Елизабета Втора, но откажа во последен момент од здравствени причини.

Четириесет и тригодишната оскаровка за оваа прилика облече сив фустан од лондонската модна куќа „Ралф и Русо“, во комбинација со металик сива чанта од истиот бренд, како и соодветни ракавици и шапка.

Во 2014 година, Џоли беше именувана за почесна дама на Редот за нејзината кампања против сексуалното насилство и кога беше примена од Елизабета Втора во Бакингамската палата, носеше облека со слична боја од „Ралф и Русо“.