ПОЧЕСНАТА НАГРАДА СРЦЕ НА САРАЕВО ЗА ОСКАРОВЕЦОТ ИЊАРИТУ

Сараево, (Холивуд рипортер)

Четирикратниот оскаровец Алехандро Ињариту ќе ја добие почесната награда Срце на Сараево на Сараевскиот филмски фестивал. Дваесет и петтото издание на фестивалот ќе се одржи од 16 до 23 август.

Мексиканскиот режисер, како што објави фестивалот, е „еден од најпризнатите и најценети филмски работници денес, познат по тоа што раскажува меѓународни приказни за човековата состојба“.

„Неговите филмови се карактеризираат со специфични стил и темпо и ги воодушевуваат и радуваат гледачите и филмските критичари низ цел свет“, рече директорот на фестивалот, Мирсад Пуриватра.

За време на фестивалот, режисерот ќе одржи и работилница, а ќе има и специјална проекција на оскаровецот „Човек птица“.