ПРЕМИЕРА НА ЧЕТВРТИОТ ДЕЛ НА „БРИЏИТ ЏОНС“, РЕНЕ ЗЕЛВЕГЕР И ХЈУ ГРАНТ ПОВТОРНО ЗАЕДНО НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ПО 21 ГОДИНА

Париз, (Дејли мејл)

Рене Зелвегер се врати на црвениот тепих со својот долгогодишен колега Хју Грант. По излегувањето на „Дневникот на Бриџит Џонс“ во 2001, Зелвегер (55) и Грант (64) се обединија за да го промовираат „Бриџит Џонс: Луда по него“ на премиерата во Париз.

Тие последен пат заедно глумеа во вториот дел од 2004.

Новиот филм е четвртиот дел од франшизата на романтични комедии базирани врз романите на Хелен Филдинг. Третиот дел излезе во 2016.

„Бриџит се враќа на работа и дури ги пробува апликациите за запознавање, каде што набрзо ќе ја заследи еден помлад маж“, се вели во најавата на филмот.

Рене Зелвегер и Хју Грант на премиерата во Париз (Фото: Гети)

Меѓу другите познати лица кои глумат во филмот се Ема Томпсон (д-р Ролингс), Џејмс Калис, Сара Солемани, Сeли Филипс и Ширли Хендерсон кои ги повторуваат своите улоги како пријателите на Бриџит. Џема Џонс и Џим Броудбент се враќаат како мајката и таткото на Бриџит.

Во интервјуто за британски „Вог“, Зелвегер се отвори за тоа како е да се вратиш во улогата на Бриџит.

„Необично искуство е повторно да се игра лик во различна фаза од животот“, рече таа.

Во книгата, сопругот на Бриџит Џонс, Марк Дарси, умира во несреќа.