ДЕНОВИ НА ХРВАТСКИОТ ФИЛМ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 22 до 27 септември во Кинотеката ќе се одржат „Денови на хрватскиот филм“, со селекција од современи и наградувани хрватски филмови. Настанот го организираат Кинотеката и Амбасадата на Хрватска во Македонија.

Програмата ќе биде отворена со изложба на филмски плакати, по што ќе биде прикажан „Човекот кој не можеше да молчи“ (фото), добитник на Златна палма за најдобар краток филм во Кан во 2024 и номиниран за Оскар во 2025.

Во следните денови ќе бидат прикажани „Седмо небо“ на Јасна Нанут, „Фрка“ на Свебор Михаел Јелиќ, „Прослава“ на Бруно Анковиќ и „Пејте нешто љубовно“ на Горан Куленовиќ, а програмата ќе заврши на 27 септември со наградуваниот документарно-игран филм „Риека или смрт!“ на Игор Безиновиќ.

Сите проекции почнуваат во 20 часот.