ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКИОТ КРАТОК ФИЛМ „ЗА ЕВА“ ВО КИНО ФРОСИНА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (11 февруари) од 20 часот, во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „За Ева“.

Режисер е Бојан Василев, кој го напиша сценариото заедно со Андреј Насков. Играат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашко Василев. Продуценти се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“.

Втората проекција е од 21 часот.