Рајан Гослинг би можел да се придружи на франшизата „Војна на ѕвездите“, како ѕвезда на нов, сѐ уште неименуван филм во режија на Шон Ливај.
Според „Холивуд рипортер“, Гослинг ќе се придружи на проект кој првпат беше најавен во 2022, еден од неколку што „Лукасфилм“ ги развива паралелно. Засега се знаат малку детали за овој филм, но се верува дека ќе биде одделна приказна, а не продолжение на сагата за Скајвокер. Таа се состои од девет филм и беше заклучена со „Подемот на Скајвокер“ во 2019.
Не е познато кога ќе излезе нов филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, но студиото „Дизни“ чува еден термин за декември 2027.