Филмот „Сам дома“ е празнична класика која се репризира секоја Нова година, но едно прашање остана неодговорено низ годините. Во подкастот на „Холивуд рипортер“, режисерот Крис Колумбус конечно откри што работеле родителите на Кевин Мекалистер кога можеле да си дозволат толку голема куќа.
Во филмот, семејството не само што живее во огромна куќа во Чикаго, туку родителите, кои ги играат Кетрин О’Хара и Џон Херд, можат да платат патување во Париз за 15 лица. Многумина љубители на филмот од неговото објавување во 1990 се прашуваат како двојката можела да си го дозволи тоа.
„Продуцентот и јас тогаш разговаравме за тоа и решивме што работат: мајката да биде многу успешен моден дизајнер, а таткото можеше да работи нешто поврзано со маркетинг, но не се сеќавам точно“, кажа Колумбус.
Колумбус притоа го отфрли популарното верување дека таткото бил вклучен во организиран криминал, објаснувајќи дека „иако во тоа време имало многу организиран криминал во Чикаго, таткото дефинитивно немал врска со тоа“.