РИС ВИТЕРСПУН НА ПРЕМИЕРА НА НОВА КОМЕДИЈА СО ВИЛ ФЕРЕЛ ВО ЊУЈОРК

САД, (Дејли мејл)

Рис Витерспун дојде на премиерата на комедијата „You’re Cordially Invited“ во Њујорк со колегата Вил Ферел (57) и  заедно позираа на црвениот тепих.

Филмот во режија на Николас Столер зборува за две свадби кои се закажани во исто време на исто место. Таткото на едната невеста и сестрата на другата невеста се обидуваат да го спасат свадбениот викенд, и покрај мешаницата.

Фото: Гети

Витерспун ја игра продуцентката Маргот која доброволно ја планира свадбата на нејзината помлада сестра, а Ферел го глуми Џим, кој е возбуден што ја планира свадбата на својата ќерка.

Минатата година, Рис Витерспун објави дека се враќа на еден од нејзините најуспешни проекти, хит-филмот „Русокоса од Харвард“. Иако засега не е познато дали пак ќе ја игра популарната Ел Вудс, „Дедлајн“ објави дека таа ќе биде извршен продуцент на новата серија, која е продолжување на филмот.