Мајкл Фасбендер си ги упропастил шансите да стане Џејмс Бонд откако на аудиција предложил друг актер за легендарната улога – Даниел Крег.
Гостувајќи на еден подкаст, ирскиот актер се присети на средбата со продуцентката на „Џејмс Бонд“, Барбара Броколи, кога бил на аудиција за улогата. На состанокот, тој го спомнал Крег.
„Не знам зошто го промовирав него, требаше себеси да се промовирам“, се пошегува Фасбендер, додавајќи дека никогаш вистински не се гледал себеси во конкуренција за улогата на Џејмс Бонд.
Крег дебитираше како Бонд во „Казино Ројал“ во 2006 и потоа сними уште четири филма.
„Очигледно, Даниел заврши фантастична работа. Мислам дека тој е најуспешниот Бонд во историјата“, рече Фасбендер, признавајќи дека никогаш не бил добар на аудиции.
Тој откри дека негов фаворит за следниот Бонд е ѕвездата на серијата „Бриџертон“, Реге-Жан Пејџ.
(Фото: Гети)