„СЕСТРИ“ НА ДИНА ДУМА СО ПРОЕКЦИИ ВО КИНОТЕКАТА, СВЕТИ НИКОЛЕ И ОХРИД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Сестри“, македонскиот кандидат за оскар, овој месец ќе се прикажува во Кинотеката, Свети Николе и Охрид.

Дебитантскиот филм на Дина Дума, кој се најде и во понудата на стриминг гигантот „Нетфликс“, ќе има седум проекции во Кинотеката до крајот на месецот: денеска, утре, 5-ти, 7-ми, 11-ти, 12-ти и 28 февруари.

Во Свети Николе ќе може да се гледа во „Киноверзум“ на 4 и 6 февруари, а во Охрид ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 9 и 10 февруари.

„Сeстри” ја имаше светската премиера на ланскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од западот“, додека македонската премиера беше на „Браќа Манаки“. Тој досега беше прикажан на 20 меѓународни фестивали.