Големиот хит од 1992 година, „Телохранител“ со Витни Хјустон и Кевин Костнер, ќе добие римејк.

„Ворнер брос“ го ангажираше драматургот Метју Лопез, номиниран за Тони награда, да го напише сценариото. Сѐ уште не е познато кој ќе биде режисер.

„Вараети“ објави дека Крис Хемсворт, Ченинг Тејтум, Теса Томпсон и Карди Би се фаворити за главните улоги.

Саундтракот на Хјустон, која имаше филмско деби во „Телохранител“, важи за еден од најпродаваните на сите времиња.