ТИМОТЕЈ ШАЛАМЕ ЌЕ ГО ГЛУМИ БОБ ДИЛАН ВО НОВ ФИЛМ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Американскиот актер Тимотеј Шаламе ќе го игра легендарниот музичар и нобеловец Боб Дилан во претстојниот биографски филм, што ќе го режира Џејмс Манголд.

„Дедлајн“ пренесува дека филмот ќе го следи патот на Дилан до статусот на еден од најценетите светски музичари. Според овој сајт, Шаламе веќе почнал да зема часови по гитара.

Дваесет и четиригодишниот Шаламе во 2018 беше номиниран за Оскар за филмот „Викај ме по твоето име“, а последно глумеше во историската драма на „Нетфликс“, „Кралот“ и во драмата на Грета Гервиг, „Мали жени“.