ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД „СНЕЖНО КРАЛСТВО“ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ВО 2027, НАЈАВИ „ДИЗНИ“

САД, (Вараети)

Анимираниот филм  „Снежно кралство 3“ (Frozen 3) ќе излезе во кината во САД на Денот на благодарноста во 2027.

„Дизни“ ја додаде третата анимирана авантура од Арендел во календарот на прикажување на 24 ноември 2027. Првите два филма заработија над милијарда долари.

Оригиналниот филм стана огромна сензација во 2013, заработувајќи речиси 1,3 милијарди долари ширум светот и освои голем број награди, вклучително и два оскара. Продолжението од 2019 беше уште поуспешно со заработени 1,45 милијарди долари и до неодамна стоеше како анимиран филм со најголема заработка во историјата. Авантурите на кралските сестри Ана и Елса стасаа и до мјузикл на Бродвеј.

Извршниот директор на „Дизни“, Боб Ајгер, во 2023 откри дека студиото веќе работи на четвртиот дел од филмот.

„Третиот дел се работи, а можеби ќе има и четврти дел. Но, нема многу да кажам за тие филмови во моментов“, рече режисерот.