„ЗЛОБНИЦА“ ЗАРАБОТИ 164 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ПРВИОТ ВИКЕНД ВО КИНАТА, РЕКОРД ЗА АДАПТАЦИЈА НА БРОДВЕЈСКИ МЈУЗИКЛ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Злобница“ (Wicked) заработи над 164 милиони долари во првиот викенд на прикажувањето во светот, што претставува рекорд за филмска адаптација на бродвејски мјузикл. Од оваа сума, 114 милиони долари се во САД и Канада, а 50,2 милиони во остатокот од светот.

Претходниот рекорд го држеше „Клетници“ од 2012.

Злобница“, во кој главните улоги ги играат Синтија Ериво, Аријана Гранде и Џеф Голдблум, е првиот од двата филма на „Јуниверзал“ засновани врз бродвејскиот приквел на „Волшебникот од Оз“.

Холивуд се надева дека ова ќе биде празнична сезона со рекордна заработувачка. Покрај „Злобница“, одлични бројки покажува и „Гладијатор 2“, кој викендов заработи 106 милиони долари низ светот, од кои половина во домашните кина.

(Фото: Гети)