ОХРИДСКО ЛЕТО ЗАВРШУВА СО МЈУЗИКЛОТ „КАО КАКАО“

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Мјузиклот „Као какао“ ќе го затвори фестивалот Охридско лето вечерва (20 август) на сцената „Долни Сарај“ од 21 часот.

Мјузиклот , чија премиера беше во јуни во Македонскиот народен театар (МНТ), досега го гледале околу 3.000 луѓе.

Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во 1970-тите, каде што љубовта и амбицијата се судираат со ограничувањата на времето. Музиката на Влатко Стефановски е вградена во самата драматургија, при што познатите композиции стануваат дел од сценскиот јазик.

Продуцент на проектот е „Баги комуникации“, во копродукција со МНТ. Текстот го напиша Венко Андоновски, режијата е на Дејан Пројковски, аранжманите се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а сценографијата на Валентин Светозарев. Костимите ги изработи Марија Пупучевска, а вокална менторка е Ана Костадиновска.

Главните ликови Дона и Џими ги играат младите актери Катерина Јовановиќ и Владимир Петровиќ (фото).

Играат и Стефан Спасов, Григор Јовановски, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов, Антонио Ташковски, Дениз Абдула, Јована Миладинова, Тања Кочовска, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Анастасија Трајковска, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Леонида Гулевска, Ѓорге Нешковиќ и Анастасија Митровска.

Мјузиклот ќе игра повторно во Скопје на 10 и на 11 септември во МНТ од 20 часот