ЗОЕ КРАВИЦ ЌЕ БИДЕ КЕТВУМАН ВО НОВИОТ ФИЛМ ЗА БЕТМЕН

Лос Анџелес, (Гардијан)

Зое Кравиц ќе биде Кетвуман во следната филмска верзија на мрачниот суперхерој на „Ди-Си“, Бетмен.

Кравиц ќе ги игра Селина Кајл и нејзиното алтер его во „The Batman“, во кој во насловната улога ќе дебитира Роберт Патинсон. Овој филм ќе го режира Мет Ривс, откако Бен Афлек целосно се повлече од проектот.

Триесетгодишната ќерка на Лени Кравиц и Лиса Бонет наводно поминала низ строг процес на тестирање пред да ја добие улогата, а минатата недела вежбала и со самиот Патинсон.

The Batman“, кој треба да излезе во 2021, повеќе ќе се темели на самиот лик.

Ова е филм во кој Бетмен целосно ќе биде во прв план и верувам дека приказната ќе биде и емотивна и возбудлива. Бетмен ќе биде во својата детективска улога повеќе отколку во претходните филмови, тоа е нешто што често го има во стрипот. Тој би требало да биде најдобриот детектив на светот“, вели Ривс.

Други потврдени актери за овој филм се Џефри Рајт и Џона Хил.