СЕМЕЈСТВО ОД ХАВАИ ОДГЛЕДА АВОКАДО ЗА ГИНИС

Ваилуку, Хаваи, (АП)

Семејство од Хаваи си обезбеди место во Гинисова книга на рекорди откако го одгледало најтешкото авокадо на светот.

(Фото: АП)

Авокадото на семејството Покини од островот Мауи е тешко 2,54 килограми. Просечната тежина на авокадо е 170 грама, според претставниците на Гинис.

Марк и Џулиен Покини велат дека плодот дошол од дрво старо десет години и високо 6,1 метар. Тие го засадиле дрвото кога им се родил синот Лоихи. Откако лани биле одбиени од Гинис, тие сега собрале тим и вистински алатки за одгледување на она што ќе стане рекордно големо авокадо.

„Не го полевавме со вода, ниту додававме ѓубриво. Едноставно, го оставивме само да си расте“, изјави Џулиен Покини.

Тие велат дека од авокадото направиле големо количество гвакамоле, што го поделиле со семејството и пријатели.