ЅВЕЗДАТА НА СЕРИЈАТА „МЕЧКА“, ЏЕРЕМИ АЛЕН ВАЈТ, ЌЕ ГО ГЛУМИ БРУС СПРИНГСТИН

Лос Анџелес, (Вараети)

Ѕвездата на наградуваната серија „Мечка“, Џереми Ален Вајт, е во преговори да го глуми Брус Спрингстин во нов филм за снимањето на неговиот легендарен албум „Небраска“. Насловен „Deliver Me from Nowhere“, сценариото и режијата ќе бидат на Скот Купер, кој го сними оскаровецот „Лудо срце“.

Филмот ќе се фокусира на снимањето на албумот „Небраска“ од 1982 година, кој Спрингстин денес го смета за своето најдобро дело. Спрингстин ги создал десетте песни од својот шести албум во текот на една ноќ во јануари 1982 во својата спална соба во Њу Џерси. Истата ноќ снимил демо верзии на уште пет песни, вклучувајќи ја „Роден во САД“, која ќе биде објавена две години подоцна.

Филмот ќе биде заснован врз книгата „Deliver Me from Nowhere“ од Ворен Зејнс.

Џереми Ален Вајт освои Еми и Златен глобус за улогата на готвачот Кармен Берцато во серијата „Мечка“.