ЅВЕЗДИТЕ НА „БИТЛЏУС, БИТЛЏУС“ БЛЕСНАА НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА ОТВОРАЊЕТО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Венеција, (АП)

Осумдесет и првото издание на Венецискиот филмски фестивал се отвори синоќа со светската премиера на „Битлџус, Битлџус“, продолжението на хорор комедијата на Тим Бартон од 1988 и тоа беше најава на она како ќе изгледа црвениот тепих оваа година.

За почеток, во Венеција се појавија Џена Ортега, Винона Рајдер, Мајкл Китон и Моника Белучи, ѕвездите на „Битлџус, Битлџус“, а во следните денови се очекуваат и Бред Пит, Џорџ Клуни, Леди Гага, Хоакин Феникс, Анџелина Џоли, Даниел Крег, Никол Кидман, Тилда Свинтон, Едриен Броди…

Моника Белучи и Тим Бартон (Фото: АП)

Не сакам да правам големи продолженија за пари, туку овој филм го снимив од многу лични причини. Како прво, се разочарав од филмската индустрија во изминатите години и ‘Битлџус, Битлџус‘ беше ударот што ми требаше за повторно да се вљубам во целиот процес. Сакав да го направам од срце“, изјави Бартон, кој се прошета по црвениот тепих со својата девојка Моника Белучи.

Мајкл Китон (Фоѕо: АП)

Бартон вели дека никогаш не му било јасно зошто филмот од 1988 доживеал така голем успех. Призна дека не го ни гледал пред да почне да го снима вториот дел.

Џена Ортега (Фото: АП)