ФРОНТМЕНОТ НА „МЕТАЛИКА“, ЏЕЈМС ХЕТФИЛД, СЕ РАЗВЕДЕ ПО 25 ГОДИНИ БРАК

Колорадо, (ТМЗ)

Пејачот и гитарист на „Металика“, Џејмс Хетфилд, се разведе од сопругата Франческа по 25 години брак. Тој го поднесол барањето за развод во Колорадо порано оваа година, но досега го криеле тоа.

Тие се запознале додека Франческа Томаси ги дизајнираше костимите за концертите на бендот, а по петгодишна врска се венчаа во 1997. Двојката има три деца на возраст од 20, 22 и 24 години. Медиумите објавија дека Џејмс и Франческа спогодбено се разделиле во интерес на децата.

Хетфилд во минатото често ја истакнуваше важноста на Франческа во неговиот живот, особено зашто му помогнала да ги надмине зависноста од алкохол и проблемите со гневот.