ВИТАЛИ КЛИЧКО СЕ РАЗВЕДУВА ПО 26 ГОДИНИ БРАК

Киев, (Билд)

Легендарниот боксер и актуелен градоначалник на Киев, Витали Кличко, потврди дека се разведува од сопругата Наталија по 26 години брак.

Заедно поднесовме барање за развод“, изјави Кличко за германскиот весник „Билд“.

Тој и Наталија веќе неколку години живеат во различни градови. И додека 51-годишниот Кличко остана во Киев, Наталија и нивните три деца Макс (17), Елизабет (19) и Јегор (22) живеат во Хамбург.

И покрај големата дистанца и раздвоеноста, останавме во редовен контакт. Имаме многу добар однос и меѓусебно се почитуваме“, вели Кличко.

Наталија Кличко (48) е поранешна уметничка пливачка, која во 2016 година почна и музичка кариера.