„ГОСПОДИНОТ“ Е НОВ ЕРОТСКИ РОМАН НА ПИСАТЕЛКАТА НА „ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ“

Њујорк, (АП)

Авторката на бестселер трилогијата „Педесет нијанси“, Е. Л. Џејмс, ќе објaви нов еротски роман на 16 април, најави нејзиниот издавач „Винтиџ букс“. Оттаму соопштија дека книгата насловена „Господинот“ (The Mister) повторно ќе биде приказна за секс и богатство. Главен лик е лондончанец, кој „ретко спие сам“.

„’Господинот’ е современ роман, чие дејство се случува во Лондон, Корнвел и Источна Европа и ги запознава читателите со привилегираниот млад аристократ Максим Тривелијан и со мистериозната, талентирана и убава Алесија Димачи, која само што пристигнала во Лондон и има проблематично минато“, соопшти „Винтиџ букс“.

Џејмс, чии книги од трилогијата се продадоа во над 100 милиони примероци и кои беа основа за филмска франшиза од една милијарда долари, вели дека „Господинот“ е модерна бајка.

„Ова е ‘Пепелашка’ на 21. век. Максим и Алесија ме однесоа на неверојатно патување и се надевам дека читателите ќе бидат завеани од нивната возбудлива и сензуална приказна, како што бев и јас, пишувајќи го романот“, изјави писателката.