ГВИНЕТ ПАЛТРОУ ЈА ПРОСЛАВИ СВРШУВАЧКАТА СО ХОЛИВУДСКАТА А-ЛИСТА

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Голем број имиња од холивудската А-листа се појавија на забавата на Гвинет Палтроу и Бред Фалчук, со која тие ја прославија својата свршувачка, додека медиумите го опишуваат настанот како нивна „тајна венчавка“.

Четириесет и петгодишната оскаровка и две години постариот сценарист го изнајмија историскиот театар „Лос Анџелес“ за забавата, на која дојдоа околу 400 гости, вклучувајќи ги и холивудските ѕвезди Стивен Спилберг, Џулија Робертс. Кејт Хадсон, Риз Видерспун, Лив Тајлер, Џенифер Анистон, Камерон Дијаз и Деми Мур.

Стивен Спилберг, Џулија Робертс и Џенифер Анистон беа меѓу познатите гости (Фото: Сплеш њуз)

„Тоа беше старомоден и многу гламурозен холивудски настан. Многуте свеќи и цвеќиња креираа романтична атмосфера. Тоа беше многу интимен и посебен настан. Можеше да се види колку сите гости ја сакаат двојката“, изјави еден извор за магазинот „Пипл“.

Лив Тајлер ја придружуваше бремената Кејт Хадсон (Фото: Сплеш њуз)

Шпекулациите дека ова, всушност, беше венчавка ги засили присуството на мајката на Палтроу, Блајт Денер, иако двојката претходно најави дека таа ќе се одржи подоцна оваа година.

Забавата уследи кратко време откако Палтроу се врати од својата луксузна моминска прослава во Мексико.