Пејачот Викенд и неговата поранешна девојка, моделот Бела Хади биле забележани како си заминуваат заедно во ноќен клуб, по неговиот настап на фестивалот Коачела.

„Бела цела вечер му седеше в скут на Викенд и постојано се допираа. Дефинитвно изгледаа како повторно да се заедно“, изјавил гостин на клубот „Попи“, каде имало афтер парти на Коачела.

Таблоидите пренесуваат дека новиот албум на 28 годишниот ар-ен-би пејач, „Мои драги меланхолии“  е инспириран од двете претходни врски, со Хадид и со пејачката Селена Гомез и дека има песни чии стихови се посветени на нив двете.

Викенд и Хадид се разделија во ноември 2016 година, по две годишна врска, а пејачот кратко потоа објави дека е во врска со Гомез. По десет месечна врска, Викенд и Гомез раскинаа лани во октомври.