Надбискупот од Кантербери Џастин Велби и официјално ги прогласи принцот Хари и Меган Маркл за маж и жена, откако тие ги разменија брачните завети пред 600 гости, 40 минути по почнувањето на свадбената церемонија во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор, додека однадвор доаѓаа извици од насобраниот народ.
Меган до олтарот ја отпрати принцот Чарлс, таткото на Хари, по што инспиративна проповед одржа американскиот бискуп Мајкл Кари, фокусирајќи се на темата љубов. Тој го почна и заврши говорот со цитати на Мартин Лутер Кинг, додека госпелски хор пееше песни карактеристични за афроамериканските цркви.
Британските медиуми забележаа дека Меган била многу поопуштена за време на церемонијата од принцот Хари, кој едвај ги задржувал солзите.
Во црквата, Меган носеше вел, кој содржи цвет од секоја од 53-те земји-членки на Комонвелтот.