И ЏЕЈ-ЗИ ВЛЕЗЕ ВО БИЗНИСОТ СО МАРИХУАНА

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Раперот милијардер Џеј-Зи влегува во брзорастечката индустрија на канабис, станувајќи партнер во калифорниската компанија „Калива“.

„Калива“, формирана во Сан Хозе во 2015, соопшти дека потпишала долгорочно партнерство, во кое тој ќе се фокусира на теренската работа и на креативната насока на компанијата.

Раперот, чија официјална функција ќе биде директор на брендот и стратег, ќе продолжи и со неговите социјални ангажмани, па ќе ги зголеми обуките за работа за поранешни затвореници и ќе работи на развојот на индустријата со легална марихуана, соопшти компанијата.

„Сакаме да направиме нешто прекрасно, да се забавуваме во процесот, да правиме добри нешта и да ги изведеме луѓето на вистински пат“, рече Џеј-Зи.

Тој е последниот во низата славни личности кои влегоа во бизнисот со марихуана, по Мајк Тајсон, Сет Роген, Снуп Дог и Вупи Голдберг.