ПОСВЕТА НА ЛЕДИ ДИ – И ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА ЈА ОБЈАВИ ВТОРАТА БРЕМЕНОСТ НА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ, ИСТО КАКО ХАРИ И МЕГАН

Лондон, (Мирор)
Prince Charles and Diana, Princess of Wales (1961 - 1997) arrive in Alice Springs, Australia, with their son Prince William, March 1983. (Photo by Jayne Fincher/Princess Diana Archive/Getty Images)

Хари и Меган не случајно го избрале вчерашниот ден за да објават дека го чекаат второто дете.

Точно 37 години порано на Денот на вљубените, Бакингамската палата и официјално потврди дека принцезата Дијана е бремена по вторпат, а на 15 септември 1984 се роди Хари, кој во тој момент беше трет во редот за наследство на тронот.

Хари и Меган ја проследија среќната вест со заедничка црно-бела фотографија

Британските медиуми се потсетија на тој ден по повод вчерашната објава на Хари и Меган. Леди Ди, која тогаш беше 22-годишна, изјави дека нема посебни желби дали да биде машко или девојче, додека друг весник во тоа време објави фотографија на 20-месечниот Вилијам, додавајќи дека забавата и неволјите би биле удвоени доколку биде уште еден син.

„Поранешни кралски традиции, астролози и обложувалници сугерираат дека Вилијам ќе добие сестра“, пишуваше тогаш „Дејли мирор“.

Хари и Меган вчера објавија црно-бела фотографија како седат под дрво, при што таа си го гали трудничкото стомаче. Тие го добија синот Арчи Харисон на 6 мај 2019, а убавата вест следува неколку месеци откако Меган откри дека имала спонтан абортус. Засега не е откриен полот на бебето.